Skip to main content

Научна конференција за инвазивни и ненативни видови во Охрид

Неодамна во Охрид беше одржана најпрестижната научна конференција во Југоисточна Европа посветена на актуелизирање на проблемот со ненативните и инвазивните видови.

 |   | 

Неодамна во Охрид беше одржана најпрестижната научна конференција во Југоисточна Европа посветена на актуелизирање на проблемот со ненативните и инвазивните видови.

Конференцијата се одржа во рамките на ЕСЕНИАС/ДИАС мрежата, а Охрид беше избран како домаќин заради уникатното природно наследство и опасностите од инвазивните и ненативните видови врз опстанокот на високо специјализираната, ендемична и ендемореликтна флора и фауна која е најмаркатниот знак на биолошкиот диверзитет на Охридско Езеро и неговото окружување, Конференцијата на која учество зедоа 130 учесници од 15 земји од регионот на Југоисточна Европа, како и учесници од земјите од поширокиот регион (Франција, Белгија, Велика Британија, Италија, Унгарија, Чешка, Молдавија, Грузија, Украина и др.) но и од САД, беше организирана од ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид, како пионерска институција во следењето на ненативните и инвазивните видови, како и од Јавната Институција Национален Парк Галичица, прв национален парк кој го актуелизра проблемот со терстиричните инвазивни видови преку востановување на мониторинг програма за следење на истите на територијата на паркот.

Оваа конференција беше финансиски поддржана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Конференцијата претставува значаен придонес кон глобалните напори за справување со проблемот со ненативните и инваизвните видови.

Презентираните научни трудови дискусиите и размената на искуства се значајна придобивка и за земјите од регионот кои сеуште немаат изградена легислатива за проблмеот со ненативните и инвазивните видови, но секако од посебна важност се за Охридскиот регион како многу значаен центар на диверзитет и ендемизам во светски рамки, како и заради фактот што овој проблем беше нотиран од страна на Реактивната мисија на УНЕСКО, во последниот извештај за состојбата на природното наследство во Охридскиот регион.