Skip to main content

Охридскиот актер Стрезо Стаматовски добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“

Стрезо Стаматовски, актер на Народниот театар од Охрид добитник на наградата за најдобра епизодна улога на фестивалот „Гола Месечина“, кој изминатите денови се одржа во Скопје во организација на Театар Комедија.

 |   | 

Наградата на Стаматовски му беше врачена на завршната свеченост што се одржа вечерва.

-Иако на наградата го пишува моето име, тоа е награда за ансамблот на Охридскиот театар и за техниката која што неуморно работи за претставата. Благодарност до театар Комедија, до колегите од жирито и до публиката која остана воодушевена од изведбата на “Каде е пиштолот” на фестивалот “Гола Месечина”. – изјави, актерот Стрезо Стаматовски.

По настапот на фестивалот „Гола Месечина“, Народен театар Охрид при НУЦК „Григор Прличев Охрид“, на 10 септември ќе гостува на фестивалот „Ристо Шишков” во Струмица, каде ќе ја изведе претставата “Стаклена Менажерија” од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева.