Skip to main content

Нормализиран животот во неколку струшки села по синоќешното невреме

Од утрово екипи  на ЕВН работеле на одстранување на дефектите по синоќешното невреме кое го зафати струшкиот регион по 23 часот. 

 |  Валентина Неловска  | 

Жителите од неколку струшки села останаа без струја и вода за пиење откако громови  удриле на неколку трафостаници. Во  мрак и без водосбабдување останаа  жителите на селата  Шум, Горна Белица, Вишни. До денес  напладне,  состојбата беше нормалзирана со напојување на електрична струја и вода за пиење, соопштува Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН.

Ковачески посочува дека невремето траело до раните утрински часови,а на струшкото  небо имало големо електрично прзнење кое  предизвикало проблеми со снабдувањето на електрична енергија , проблеми во трафостаниците,  скинати проводници и оштетни столбови.