Skip to main content

Едукација за справување со ризикот од мозочен удар

Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“  на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот  ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид.

 |   | 

Ќе се вршат прегледи на шеќер и холестерол во крвта ЕКГ, крвен притисок . Акцијата ќе започне со кратка едукација на тема справување со ризикот од мозочен удар. Активностите започнуваат во 09.00 часот во Домот на Култура Охрид и на платото пред истиот.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат прегледани од нашите лекари се молат да бидат во даденото време на локацијата и заради прегледите, доколку здравствената состојба им дозволува да бидат гладни, информираат од здружението.