Skip to main content

РК Охрид ветуваат победа на првиот натпревар пред домашната публика во новата сезона

Утре охридските ракометари  за прв пат оваа сезона ќе се претстават пред охридската публика. Противник им е повратникот во суперлигата Работнички, екипа од која не треба да стравуваат но и да не ја потценат.

 |   | 




Стартниот пораз на охриѓани во машката ракометна суперлига покажа дека новиот состав сеуште не е добро уигран особено во нападот. Евидентно е дека оваа година ростерот е поквалитетен од ланскиот но се работи за играчи кои никогаш во кариерата немаат играно заедно. Затоа се потребни како утрешниот со Работнички, каде покрај фаворитската улога  охриѓани ќе ја имаат и поддршката од публиката.



„Ја имаме фаворитската улога и мислам дека ќе ја оправдаме. Во оваа прилика ќе ги повикам љубителите на ракометот и нашите верни навивачи рибари да дојдат во што поголем број и да ни ја дадат потребната подршка.“ – изјави  Крсте Андоновски.

Од раководството на клубот апелираат на фер и коректно однесување на публиката бидејќи ланската година  беше најказнуван клуб и на сметката на ракометната ферација мораа да уплатат 160 000 денари.  Први бодови очекува новото лице помеѓу стативите.


„Работнички покажа дека не се слаба екипа, одиграа нерешено со Струга така да не смееме да ги потцениме, ако одработиме тоа што знаеме мислам дека нема да имаме проблеми во сабота.“ – кажа  Никола Даниловски.

Даниловски истакна дека го избрал нашиот град  за продолжување на својата кариера покрај потрагата за поголема минутажа и познанството со тренерот Раде Стојановиќ и поради одличната одбрана која е заштитен знак за охриѓани. А таа на дело ќе биде покажана во сабота на дуелот со РК Работнички, со почеток во 19 часот.