Skip to main content

Расте бројот на пациенти со мозочен удар во Македонија

Секоја година се регистрираат по 250 нови случаи. Во земјава се повеќе се чувствува недостаток од невролози и стручни тимови за рехабилитација на пациентите со мозочен удар. Во земјава има само 4 центри за рехабилитација, а во нашиот регион нема ваков центар.  Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“  ја предводи едукативната камапања во Југозападниот регион со цел едукација на граѓаните во справување со ризик факторите за оваа болест. 

 |  Валентина Неловска  | 

Дуплиран бројот на пациенти со мозочен удар во земјава во изминатава декада. Во Западна Европа  пак двојно се намалил бројот на пациенти од оваа болест. Според некои статитики 16.000 Македонци во моментов се лекуваат од последиците на мозочен удар. Секоја година се регистрираат по 250 нови случаи со мозочен удар , информира д-р Маја Божиновска Смическа невролог и претседател на Здружение за броба против мозочен удар. Она што загрижува е што нашите болници имаат услови за рехаблитација на последиците од мозочните удари, но се повеќе се доведуваме во ситуација да нема стручен медицински кадар, напоменува д-р Божиноска Смическа.Во нашиот регион со околу 250.000 жители има само 7 невролози, лекарите ја напуштаат државата и во моментов најмногу недостасуваат лекари кои би специјализирале неврологија, загрижено укажува неврологот Божиновска Смическа.

Според некои стандарди во нашата држава би требало да има 10 центри со невролози и мултидисциплинарни тимови. За жал, ние имаме само 4 во Македонија, а во нашиот регион ниту еден. Во нашиот регион има 7 невролози , поделени во лекување на различни болести и установи каде што нема можност за формирање на ваков центар “, вели д-р Божиновска Смическа.

Според последните студии 90 проценти од мозочните удари можат да се спречат, а за тоа се одговорни 10 ризик фактори врз кои може да влијаеме, напоменува д-р Божиновска Смическа, претседател на Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“. Таа ја предводи едукативната камапања во Југозападниот регион. На терен ќе се прават превентивни прегледи и ќе се споделуваат совети, а ќе се поделат и флаери. Едукација недостасува кај населението од руралните средини и семејствата во социјален ризик, напоменува     д-р Маја  Божиновска Смическа.

Целта на проектот не е само едукативна активност и превенција од болеста на терен туку и подобрување на здравствените услуги во регионот. Снабдување со нова опрема со која пациентите во специјалната болница за ортопедија и травматологија Св. Еразмо ќе бидат невреме третирани и рехабилирани, за одделот за анестезија и реанимација, за ултрадијагнистичкото одделение, за невролошкоит оддел“, набројува д-р Божиновска Смическа.

Едукативниот караван на Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар започна од Охрид , каде што наиеде на добар прием кај населението. Во текот на викендот 30 -тина граѓани ги проследија предавањата, а учествуваа во прегледи и анкети. Кампањата со Здружението за борба против од мозочен удар ќе продолжи во Југозападниот регион со едукација на населението во 8 општини. Планирани се по 2 средби со граѓаните од сите 9 општини. Проект партнери на активностите на Здружението „Мозочен удар“ се неколку болници од Грција и болницата Св.Еразмо од Охрид.