Skip to main content

НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски  улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност.

 |   | 

Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се учесници во сообраќајот кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака“.

Во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди. Проектот се реализира во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ.