Skip to main content

Произведувачите на најлонски кеси- незадоволни од преговорите со владата

До најавената целосна забрана за употреба на пластични кеси, сепак, нема да дојде.

 |  Тања Кувенџиска  | 
kesi
кеси
Производителите на пластични кеси се незадоволни од тоа како помина средбата со претставниците на министерството за животна средина. На вчера одржаната средба, освен производителите учествувале и претставници од надлежниот инспекторат, трговците и организацијата на потрошувачи. Владата повторно останала глува на нивното барање- да не се укинува употребата на  пластични кеси. Ги теши тоа што сепак нема да дојде до најавената  целосна забрана за нивна употреба.

„Не сме задоволни. Има согласност од министерството да не се оди на поригорозни мерки, туку да се остане на сегашните. Одлуката зависи од еден човек“, вели Мирко Јакимовски, претседател на групацијата за производство на пластични кеси.

Од друга страна, министерот за животна средина, Неџат Јакупи, е задоволен од првичните резултати од спроведувањето на наредбата со која се забранува користењето на пластични кеси. Министерството и понатаму ќе се залага за реализација на забраната, при тоа водејќи сметка за интересите на производителите.

plasticni kesi„Генерално јас сум задоволен од ефектите од забраната. Нормално е во почеток да има одредени пропусти, но ќе се погрижиме нив да ги решиме“ , вели министерот Јакупи.

И покрај забраната за користење пластични кеси за купена стока со тежина помала од 5 килограми, таа во целост не се почитува. Речиси во секој маркет, за денар или два може да купите пластична кеса.

„Ако купуваат казната е 6.000 евра за правното лице кое можат купувачите да го пријават. 3.000 евра е казна за оние кои купиле кеса. Граѓаните сериозно нека размислат следниот пат кога ќе купуваат кеси“,  порачува Александар Николоски, пратеник во Собрание на РМ.

Наредбата со која се забранува користењето пластични кеси стапи во сила на почетокот на оваа година. Министерството за животна средина се реши на овој чекор со цел да ја подигне јавната свест за околината и загадувањето кое се врши со пластичните кеси.

 

 

 

{loadposition content9}