Skip to main content

Добра летна туристичка сезона, но долги и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции

Летната туристичка сезона годинава помина добро, согласни се и туристичките работници и престатвниците на агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

 |   | 

Долги и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната нередовна исплата, се едни од основните причини пордаи кои, странските тур-оператори ја заобиколуваат земјава, реагираат од туристичкиот сектор. Велат дека странските тур-оператори, не можат со месеци или години да бидат исплатени.

„Ако продолжиме со бирократизација и со комплицирани процедури, целава дестинација може да се доведе во една лоша положба. Бидјеќи конкуренцијата и отвореноста на другите пазари, е огромна. Ние сме ленд партнери не само на „Kорендон“ и на „Томас Кук“ и на „Ауринг“ од Естонија, „Рејнбоу“ од Полска и останати светски тур оператори. Оваа година имаме потешкотии во делот на аплицирање на субвенции, ова се провлекува со години наназад. имаме преобмена документација, и имаме доцнење и ненавремени испалти“ кажува Асим Меџедовиќ генерален менаџер на туристичката агенција „Фибула Македонија“.

Првиот човек на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Љупчо Јанески пак, дециден:

„Агенцијата за промоција и подршка на туризмот редовно ги исплаќа субвенциите наменети за станските туроператори, веќе се исплатени субвенциите за 2016,2017,2018 година речиси сите. Говориме дека на тој начин не само што ги стимулираме туроператорите, туку и покажуваме одлучност, спремност и професионалност, за испалќањето на субвенциите и нивната ажурност“ рече Љупчо Јанески -Агенција за промоција и подршка на туризам.

Јанески потенцира дека ко имало несиплатени субвенции тоа пред се се се должи на некомплетна документација, бидејќи сите барања се процесуираат во период од 30-60 дена.

Што се однесува до сезоната туристичките работници велат дека истата може да се окарактеризира како успешна, но дека мора да се изнајат подобри решенија за наредните сезони.

„Оваа сезона ја гледаме успешна како сезона, меѓутоа укажуваме на ситуации коишто би можеле да се случат за во иднина и коишто би можеле да бидат и поголеми во однос на ова што го имаме сега. Сега имаме една стабилна ситуација меѓутоа за во перспектива бараме нови и подобри решенија“ вели Асим Меџедовиќ генерален менаџер на туристичката агенција „Фибула Македонија“.

Од агенцијата за промоцијa и подршка на туризмот задоволни од годинешната туристичка сезона. Првиот човек на агенцијата вели:

„Оваа туристичка сезона е малку поразлична од останатите. Можеме да кажеме дека од одредени пазари имаме одреден пад, како на пример големиот пад на турските туристи во првите 3-4 месеци но тоа се должи повеќе на економската криза а не на пакетите или неисплаќањето на субвенциите, се вративе и го ублаживме тој пад кој сега е помалку од 10%“ објаснува првиот човек на агенцијата.

Инаку , за секој турист од странство донесен со авионски превоз преку тур-операторите државата преку субвенции плаќа по 65 евра.Но, постојат и дестинации за кои се исплаќа од 10-15 евра по донесен турист.