Skip to main content

ПРОСТОРОТ КАЈ МЕСНОСТА „ТАБАНА“ ДОБИВА НОВ ЛИК

Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“ на улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид.

 |   | 

Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“ на улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид.

Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште и истиот предвидува поплочување и партерно уредување. Според планираното, дотраените бехатон плочки ќе бидат заменети со гранитни плочки и гранитни коцки, а ќе биде изведено и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.

Проектот е во вредност од 2,7 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги изведува ДООЕЛ „Тане 2007“ од Охрид.