Skip to main content

По Охридското езеро ќе плови катамаран на сончев погон

Промовирано првото еколошко и економично пловно средство за превоз на патници во Охридското езеро. Катамаранот, кој чини скоро половина милион евра е наменет за превоз на стотина  лица., со брзина на пловење од  17 км на час. Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, најави дека имало интерес за соларен  брод,  кој ќе ги поврзува Охрид и Поградец.

 |  Соња Рилковска  | 

Промовиран првиот патнички катамаран на сончев погон во Охрид.  Станува збор за брод  со електрични мотори , кои се напојуваат  од сончевата  енергија. Еколошко и безшумно пловно средство, иделано за  економичен и безбеден  превоз на Охридското езеро.
Првите три вакви катамарани на Балканот веќе се ставени  во функција на Млетските езера во Хрватска.

 „Бродот на иднината  подразбира брод кој има нулта емисија на штетни гасови, брод кој се полни преку вклучување во струја на копно,  но и преку соларните панели кои се вградени на покривот на бродот, што овозожува голема автономија на бродот за што поголем радиус на пловидба. Во Република Хрватска овој е прв ваков вид на брод се надеваме дека Р Македонија ќе има резултати , односно ќе добие едно вакво пловило со гринфилд инвестиција“ , вели Мишо Мацора инспектор од Хрватскиот регистар на бродови.

Катамаранот, кој чини скоро половина милион евра е наменет за превоз на стотина  лица., со брзина на пловење од  17 км на час. Охрид има премногу сончеви денови, ваквите бродови целата енергија би ја црпеле од сонцето.

„Развојот на овој брод беше повеќегодишната соработка на повеќе научни институции: Самата градба започна со натпревар за НП Млед се јавија интересни проекти. Веќе се испорачани двата брода во тек е изработката на третиот . Бродот се одликува со голема самоодржливост  200 км без никакво надополнување што е повеќе од доволно за целодневна пловидба“, вели  Томислав Бурада  сопственик на фирмата „ I CAT“ производител на електор катамаранот на соларен систем.

  „За Охрид би значело многу. Не само за Охрид туку и за секое заштитено подрачје со оглед дека загадувањето од овој брод е исклучиво само она што човекот може да го направи намерно. Сакам да кажам дека како машина не поризведува апсолутно никаков материјал кој ја загадува природната средина. Дали е реално да се донесее во Охрид? Се` е реално бидејќи пазарот во Р Македониај е отворен се` зависи од тоа дали ќе има сериозни инвеститори да го направат тоа, дали ќе може државата да најде некаков начин за субвенционирање на ваков тип на пловила“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.

Општината е сериозно заинтересирана. Градоначалникот најави дека имало интерес за   соларен  брод,  кој ќе ги поврзува Охрид и Поградец.
„Во разговорите кои што сме ги имале со претставниците на Европската унија посебно со Бертолини, тој е застапник на идејата да воспоставиме линија за Охрид Поградец со соларен брод. Ние како општина која што ги имаме сите тие предизвици од Унеско и зачувување, на животната средина ќе пристапиме уште од оваа пролет со набавка на електрични возила за стар град кој што ќе се планирани во буџетот на општината со новиот буџет за 2020 година. Се надевам во следна прилика ќе може да планираме и набавка на соларен брод“ , вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.


Европските земји веќе ја имаат електифицирано својата  флота. Хрватска  го планира истиот потег, нашата земја засега е многу  далеку, но има надеж дека во иднина и по Охридското езеро ќе пловат еколошки и  безшумни бродови.