Skip to main content

Сопствениците на приватни рибници ќе добијат финансиска поддршка од државата

Зa зголемување на производството на риба,за приватните рибници ресорното министерство предвиде финансирање на неколку пилот проекти. Финансиите се обезбедени од Националната програма. Во Охрид се регистрирани два рибници, а во соседна Струга 18.

 |  Валентина Неловска  | 

Министерството за земјоделие го објави јавниот повик за реализација на мерките од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година. Сопствениците на приватни рибници добиваат можност за финансиска инјекција за подбрување на својот бизнис и зголемување на прозиводството на риба.
„ Тоа се 40 посто каде се покриваат трошоците од помладок во нивните рибници, средства од Националната програма“, напоменува Димковски.

Ресорниот министер, Трајко Димковски напоменува дека со тие средства ќе можат да се направат развојни, истражувачки и апликативни проекти. Средствата ќе бидат наменети за зголемување на производството на риба, заштита на рибите и животната средина, развој на риболовниот туризам и за истражување на пазарот и маркетинг на риби и производи од риби.

„ Од Брисел добивме забелешки бидејќи во 2019 година се укинати субвенциите по килограм риба, тие пари штопростанаа ги префрлем во инветсиции. Тече оглас за 50 посто доклку некој велзе воиневетсиција тие порценти се субвенцираат ,а се париод националнаат програма, домашни пари од нашиот буџет“, нагласува Димковски.

Оваа можност од нашиот регион ќе може да ја искористат 20 тина рибници. Од нив 2 рибници се регистрирани во Охридскиот и 18 се во струшкиот регион.