Skip to main content

Жителите на „Христо Узунов“ на втор мирен протест кажаа НЕ за базна станица

Од Иницијативниот одбор за отстранување на антената која е во фаза на поставување побараа подршка од градоначалникот, советниците и охридските пратеници. Во тек е петиција против базната станица која за неколку денови ја потпишале над 900 жители на населбата.

 |   | 

Да се отстрани базната станица на мобилниот оператор Телеком од над главите на нашите деца и семејства. Ова е барањето кое го упатија жителите на населбата „Христо Узунов“ преку мирен протест.  За отстранување на базната станица која е во фаза на поставуваење на еден од покривите на станбена зграда во населбата во тек е собирање потписи.  Петицијата за краток рок од неколку денови ја потпишале над 900 лица. Од Иницијативниот одбор сметаат дека таа бројка ќе расте затоа што во населбата околу базната станица гравитираат повеќе од 20 станбени згради со неколку илјади жители.

„Сериозно сме загрижени  за нашето и здравјето на наште деца кои секојдневно ќе бидат изложени на електромагнетни зрачења, сигнали и фрекфенции од оваа станица. На мирен и демократски начин преку овој собир и големиот број собрани потписи нашето барање до менаџерскиот тим на операторот кој е сопственик на станицата е во текот на наредните неколку денови биде отстранет објектот . “ – кажа Никола Велјаноски од Иницијативниот одбор.

За поставување на базната станица била добиена согласност од 51 отсто од станарите во влезот на зградата каде веќе е монтирана конструкциајта за антената. Не зградата има два влеза а од станарите од соседниот влез воопшто не биле консултирани.

„Го повикуваме градоначалникот, советниците во Општина Охрид како и сите пратениците од нашата општина да ги поддржат и да помогнат во решавањето на проблемот. Очекуваме оваа наша граѓанска иницијатива да биде успешна и да покажеме и да докажеме дека без разлика на етничка верска и било каква друга  припадност сме сплотени и единствени кога се работи за здрава и мирна животна средина за нашите најблиски.„ – додаде Велјаноски.

Ова е втор протест на жителите на Христо Узунов. Непосредно пред синоќешниот протест,  од „Македонски Телеком“ реагираа преку допис до медиумите. Од таму се обраќаат до граѓаните дека базната станица која се поставува во нивната населба е иста како стотици други базни станици поставени на објекти  во населени места во сите градови во Македонија. Додаваат дека компанијата ги обезбедила   сите потребни документи од општината и другите надлежни институции согласно Закон, како и согласност од станарите на зградата.

Мобилната технологија постои повеќе од 25 години и досега нема ниту научни ниту практично потврдени докази дека е штетна за здравјето на луѓето, велат од Телеком. Но тоа не ја намали  загриженоста и револтот на жителите на Христо Узунов. Тие на собирот го коментираа соопштението од Телеком и најавија дека ќе продолжат со иницијативата и напорите да не се дозволи поставување на антената.