Skip to main content

Георгиески:Советниците донесоа историска одлука за поделбата на МЈП „Проаква“

Советниците треба да се горди со тоа што се дел од еден ваков процес, кој што денес, за среќа на сите нас го финализираме. Формирањето на новото јавно претпријатие конечно значи инвестиција во иднината и една вистинска подадена рака од државата за нашиот град.

 |  Валентина Неловска  | 

Советниците од Градскиот совет денес донесоа историска одлука во формирање на новото јавно претпријатие „Колекторски систем“ и поделбата на МЈП „Проаква“. Посакувам и во иднина сите одлуки кои што се во интерес на нашиот град, Советот на општина Охрид да ги носи консензуално, истакна градоначалникот Константин Георгиески. Со оваа одлука не само што ќе се подобри заштитата на Езерото туку и градот добива можост да излезе од преголемата финансиска задолженост. Само оваа година, државата инвестирала 500 милиони денари за раздолжување на нашиот град и дополнително 800 милиони кои што ги презеде од долгот на МЈП „Проаква“. Долгот на општината во месец јануари годинава беше преку една милијарда и 600 милиони денари, а сега имаме реални 350 милиони денари долг. Значи добивме една милијарда и 300 милиони денари инвестиција во подобар живот и во подобра иднина за Охрид и охриѓани, истакна Георгиески.

Тоа е финализирање на процесот на раздолжување на општината. Во делбениот биланс кој денес го изгласаа советниците се предвидуваат 72 милиони денари, кои што беа како конто долг на општина Охрид спрема Министерството за финансии, по основ на кредитот кој што беше земен од Светска банка за колектор, да ги преземе новото јавно претпријатие „Колекторски систем“. Тој долг се брише од контото на општината и општина Охрид станува финансиски солвентна “, кажа градоначалникот Георгиески.

Владимир Алексијоски, директор на ДЈП „ Колекторски систем“, се заблогодари на советниците од Охрид и Струга за покажаната грижа за заштитата на езерото. Почнуваме со огромен минус од 800 милинони денари, но со помош на државата и одобрените средства од ребалансот за оваа година ќе се справиме со тековните проблеми, напомена Алексијоски.

„Со ребалансот на буџет се предвидени 183 милиони денари за новото Државно јавно претпријатие.Тие средства треба да се искористат во 2019 година. Од нив се предвидени 2 милиони и 100 илјади евра да се плати долгот кон ЕВН за неплатени сметки заклучно со 30 .06. 2019 , а со 900 илјади евра да се отпочне санација на колекторски систем“, информира Алексијоски.

Приоритетни зафати на ДЈП Колекторски систем ќе бидат отстранување на досегашните критични точки како што се прочистуавње на цевководот и секундарната канализација, поставување на полжни пумпи и рехабилитација на пумпните станици и санација на пречистителната станица во Ложани.