Skip to main content

ВО ПЕТОК ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

За крајов на неделава свикана триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 25.10.2019 година (петок) со почеток во 9:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

 |   | 

За крајов на неделава свикана триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 25.10.2019 година (петок) со почеток во 9:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

На дневниот ред на ова издание на зседницата на советот ќе се најдат предлог- програмите за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 годин, за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2019 година, за измена на програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, за измена на програмата за спорт и рекреација за 2019 година, за измени на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019 година, за измени на програмата за детска заштита за 2019 година, за измени на програмата за културни манифестации и творештво за 2019 година, за измена на програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година, за измена на програмата за јавно осветлување за 2019 година, за измени на програмата други комунални услуги за 2019 година, за измени на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2019 година, за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2019 – 2021 година, за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2019 година, за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2019 – 2021 година, за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2019 година,за донесување на буџетскиот календар.

Советниците треба да се произнесат и за одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон доверителот „Моби Петрол“ ДООЕЛ Охрид.Ќе се избира командир на полициска станица од општа надлежност Охрид, а ќе се разрешуваат и членови на училишни одбори во основините и средните училишта. Советниците треба да се произнесат и за прифаќање на неколку иницијативи за експропријација на неколку катастарски парцели, а на ред е и предлог одлуката за подигање спомен-обележје, формирање одбор и утврдување локација за градба на спомен- обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година.