Skip to main content

Родители гневни на тоа како се отстранува азбесниот кров на ОУ „Христо Узунов“

Загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Велат дека замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Од Локалната велат дека реконструкцијата ја следеле службите од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и дека изведувачот бил опоменат да се придржува до прописите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Револтирани и загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Според тврдењата на родители, поткрепени со фотографии, замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Велат дека таблите се фрлаат од покривот во дворот на училиштето при што се кршат и се шири прашина со азбестни влакна. И самите работници немаат никаква лична заштита при работата, додаваат родителите.
Градежните работи кои ги финансира Општината започнаа минатат недела и во рамки на планираните активности, постоечките азбестни табли, со кои беше пoкриено училишто ќе бидат заменети со 3.348 метри квадратни лимен покрив. Родителите кои сакаа да останат анонимни велат дека размислуваат да не ги пуштаат своите деца на настава се додека се работи на кровот за време на школските часови.
Велат дека им се познати причините зошто зафатите не се завршија во текот на летото поради поништените тендерски постапки за повеќе училишта во општината. Но бараат надлежните од општината да се погрижат работите кои се одвиваат во школската година да бидат согласно законските норми и правилници за ракување со азбестот како опасна материја.

Министерството за животна средина за заштита и превенција од болестите што може да ги предизвика азбестот има објавено правилник за начин на постапување со отпад од азбест и со отпад од приоизводи што содржат азбест. Правилникот дефинира и точно одредени правила за тоа како овие производи треба да се транспортираат, пакуваат и отстрануваат од градбите, секако поради нивното високо ниво на токсичност и штетност по човековото здравје.

Азбестот е канцероген кој што може да предизвика азбестоза, но многу често преминува во карцином на белите дробови. Интересно е тоа што во моментот на изложување на организмот на азбест не се случува некоја клиничка слика и не се јавуваат некои симптоми туку сето тоа се случува после еден подолг период на инкубација. Можат да поминат и повеќе од дваесет години до појавата на клиничките симптоми, вели Др Даниела Чингова, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

Директорката на училиштето, Оливија Јанева не можевме да ја исконтактираме за да дознаеме што таму се случува бидејќи била на службен пат. Од Локалната велат дека реконструкцијата ја следеле службите од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.

„Веднаш по започнувањето на зафатите, изведувачот е опоменат азбесните табли да не се фрлаат и кршат, туку да се тргнат од кровот и со помош на механизација да се товарат во камиони и да се одложат на безбедно место. Таблите се демонтираат за викенд, кога во училиштето не се изведува настава.“

Додават дека сите преземени мерки биле согласно прописите за отстранување на вакви кровови со цел да се заштитат децата и вработените од штетното дејство при кршење на азбестните табли.

Но денеска во дворот на училиштето имаше остатоци од искршени табли од работите кои се изведувале викендот. Некои купчиња со остатоци беа покриени со најлон, но тоа е далеку од ракување согласно прописите. А, прописите велат :

Многу е важно прво да се наводени површината и потоа азбестните плочи да се отстрануваат цели. Да не се кршат, да не се влечат бидејќи со тоа кршење и влечење се распрскуваат азбестните влакна и доаѓаат до нашиот организам. 4.14, вели Др Чингова.5.12

Реакции од родителите стигнале до санитарниот инспекторат. Од таму за ТВМ велат дека внимателно ќе ги разгледаат претставките но не откриваат како ќе постапат понатаму.

Инаку, во тек е и промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца и промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Елшани. И овие два училишни објекти до сега имаа азбестен покрив. За оваа намена во Годишната програма за образование на Општина Охрид се предвидени 4.109.512 денари.