Skip to main content

Продолжуваат успесите на стрелците од СК-Охрид и оваа сезона

Викендов на стрелиштето во гимназијата воСандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од  Македонија и Бугарија.

 |   | 

Викендов на стрелиштето во гимназијата воСандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.

И на овај ТурнирСК „Охрид“ се претстави во најдобро светло, закитувајќи се со три поединечнимедаљи и екипен пехар.

Во категорија јуниорки,Јована Милевска се пласира на втората позиција со резултат од 610,2 круга сошто ја потврдува својата спортска форма со тенденција на покачување. На шестата позиција во истата категорија се пласира Ива Маленко со резултат од 381,4круга.

Во категорија на помлади јуниорки до 15 години, Марија Ангеловска со резултат од 372,8 круга се пласирана втората позиција. Во категорија помлади јуниори, на третата позиција се пласира Бојан Спасеновски со резултат од 369,6 кругови. На петтата позиција во истата категорија се пласира Никола Спироски со резултат од 360,2 кругови. Вокатегорија на јуниори, со 557,4 круга, Кристијан Џепароски се пласира на четвртата позиција, зад првопласираните стрелци од СК „Стрелец“ од Скопје. Иво екипен пласман, на пиедесталот, трето место за СК „Охрид“ со ист број на кругови како и домаќинот СК „Санел“ од Сандански.

Во категорија на сениорки, шансата за пласман меѓу првите трипласирани ја пропушти Јана Маркоска, која со резултат од 601.0 се пласира начетвртата позиција. Мартина Петровска пак, се пласира на шестата позиција сорезултат од 588,6 кругови. После овај Турнир следува пауза од натпреварите домесец Октомври, но стрелците интензивно ќе ги продолжат тренинзите и во текотна летниот период. За две недели пак, ќе завршат и Куп натпреварите за стрелцитеод национална програма.