Skip to main content

Се чистат дивите депонии во Дебрца

Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут.

 |   | 

Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут.

Активностите започнаа со чистење на една од најголемите депонии, просторот во месноста наречена „Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село.

Станува збор за простор кој со години е деградиран со најразличен вид на отпад, велат од општината поради што е вклучена и механизација за средување на теренот.

По завршувањето на чистењето на депониите, планирано е да се спроведе широка акција за јакнење на еколошката свест на граѓаните, потоа засилен инспекциски надзор и на крај преземање соодветни санкции пропушани со закон, против сите прекршители.

Од Општина Дебрца ветуваат дека ќе има нула толеранција за дивите депонии и апелираат до сите граѓани да придонесат Дебрца да остане чиста и незагадена, со заштитено природно наследство.