Skip to main content

Премиерот Заев ја најави комплетната санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион

По напрвениот увид во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, премиерот Зоран Заев објави дека стартуваат активностите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на истиот.

 |   | 

По напрвениот увид во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, премиерот Зоран Заев објави дека стартуваат активностите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на истиот.

„Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга. За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја“, соопшти премиерот Заев.

Од стручната анализа на една јапонска компанија во 2014 година, направена со роботизирана технологија, констатирано е дека на неколку места колекторот речиси и да не постои заради лошата изведба и неодржувањето на бетонскиот цевковод. Во поголем дел колекторот е запушен или слабо пропустлив заради насобрани наслаги од отпад и заради корења на дрвја, исто како и атмосферската и канализационата мрежа. Од 18 препумпни станици само една или две работат повремено, а самата пречистителна станица е речиси без функција бидејќи не се сервисирале и не се заменувале дотрајаните делови.

Директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски рече дека може да се започне со санација на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води и фекалните води во Охрид и Струга.

„Наредната туристичка сезона ќе отпочне без тековните проблеми со кои се соочивме. Сите точки каде што имавме целосно запушување на цевководот ќе бидат пробиени и ставени во функција. Со технологијата „цевка во цевка“ ќе се подобри протокот на фекалните води, ќе се изврши санација на редукторите на препумпните станици, за да се обезбеди целосно пренесување на фекалиите до пречистителната станица која повеќе од една година воопшто не функционираше“, информираше директорот на ЈП Колекторски системи Владимир Алексијоски.