Skip to main content

Консументите на информации ќе се едуцираат за медуимска писменост

Преку проектот насловен  Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава Едукација за медиумска писменост, целта е да се крене свеста кај заедницата како да се препознаваат лажните вести во медумите и на социјалните мрежи. Алармантни се податоците за тоа колку луѓето не ги проверуваат информациите и здраво за готово веруваат во она што ќе го прочитаат на интернет, вели претседателот на Здружението „Инклузија“ и координатор на проектот. 

 |  Валентина Неловска  | 

Ивана Петреска и Сезар Сади се охридски средношколци кои велат дека нивната генерација многу малку е медуимски писмена. Обајцата велат дека во мноштвото информации кои им се достапни имаат проблем да ја утврдат нивната точност. Ивана и Сезар се дел од проектот насловен „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – едукација за медиумска писменост“ кој има за цел да ја крене свеста кај заедницата како да се препознаваат лажните вести во медумите и на социјалните мрежи.

Проектот го видов на социјаните мрежи и се заинтересирав да научам нешто повеќе за лажните вести, за медуимската писменост. Да ги препознаваме кои се лажни, а кои се вистински информции. Се надевам нешто повеќе да научиме од овој проект“, вели Петреска.

„Ме заинтересира на социјалните мрежи за да научам нешто за медиумската писменост. Многу често сме сведоци на лаги и манипулации на интернет. Сакам да се запознаам што е лага, а што е вистина кога читаме вести“, вели Сади.

Проектот ќе го спроведуваат Здружението за мултикултурна интеграција Инклузија од Охрид заедно со регионалната ТВМ Телевизија. Алармантни се податоците за тоа колку луѓето не ги проверуваат информациите и здраво за готово веруваат во она што ќе го прочитаат на интернет. Во последниот период многу информации кои ни се пласираат на социјалните мрежи, особено од електронските медиуми, се лажни вести, вели Вахид Мемед, претседател на Здружението „Инклузија“ и координатор на проектот.

„Целта ни е да се крене свеста и да се едуцираат младите и граѓаните во Југозапдниот регион што се лажни вести, што е медиумска писменост,како да се детектираат лажните вести. Кога ќе знаеме да ги препознаеме лажните вести ќе знаеме што е она треба да го прифатиме како информација, вест, а што треба да отфрлиме“, вели Мемед.

Јавноста е бомбардирана од лажни вести. Професионалците црвенеаат од она што се случува во медиумската сфера. Се лиферуваат вести од соминтелни извори. Се превртуват факти, се занемаруваат и дискредитираат личности и институции под плаштот на ексклузивност и сензационалност , се шири говор на омраза на социјалните мрежи, вели Горан Момироски, претседател на регионалната канцеларија на ЗНМ.

„Медиумската заедница и заедницата во Македонија е исправена пред сериозен предизвик. Да го заштити интегритот и професијата и да најде начин како да се справат со лажните вести. Тој процес е двонасочен без граѓаните кои се корисници на информациите кои ги произведуваме тоа е невозможно да го направиме. Само со почитување на професијата, етичките стандарди, институционалната борба и функционален систем на заштита“, истакна Момироски.

Во борбата против лажните вести со проектот за медумска писменост ќе бидат вклучени средношколци, граѓани, новинари. Ќе се спроведува во текот на 5 месеци во Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. Проектот се промовира во Деновите на медумска писменост во Македонија.