Skip to main content

Набрзо сите охридски училишта ќе добијат обезбедувањe

После повеќето инциденти случени во училиштата изминатиов период, чувари ќе се грижат за училишниот имот по завршувањето на наставата. Речиси и да нема училиште во градот каде не се прават материјални штети или да нема насилство.

 |  Соња Рилковска  | 

После десетина години, повторно обезедување во охридските училишта. Стручни лица – чувари ќе се грижат за беабедноста  на училишниот имот по завршувањето на наставата. Ова ексклузивно го најави заменик градоначалникот на оштина Охрид во емисијата „Прашалник“ на ТВМ Телевизија.

„Тој проект е при крај и ќе се реализира, односно веќе се реализира започнува да има обезбедување во училиштата. Ваквите девијантни појави во нашето општество јас сметав дека повеќе ги имаше во минатаото но доказ е дека се уште ги има. Е инцидентот во „Христо Узунов“.  Како решене нормално обезбедувањето е едно од решенијата  денес техниката е толку развиена што и камерите, вели Ристо Николекси заменик градоначалник на општина Охрид.

Според дел од професорите потребно е 24 часовно обезбедување за да се избегнат тепачките и насилството меѓу учениците, кои за жал се евидентни во последно време.

„Вие рековте авреме на наставата нема потреба , но јас велам има и тоа како има потреба. Мора да има обезбедување во училиштата и за време на наставата.. Имаме четири училишта едно до друго нека биде ендо обезбедување на вечер. За овие средства сигурно ќе се најде аагенција која ќе ги обезбедува деноноќно“,  вели Наум Јмандиев професор во охридската гимназија.

Инаку,  жителите во близина на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид  со години се жалат на неподнослива галама, врескање, викање, шутирање топки,  кршење прозори, качување  по кровови од страна на учениците и останатите коис е собираат во дворот. Оваа состојба не е само преку ден , додека трае наставата, туку и во доцните ноќни часови. Млади од други населби се собираат и прават штети во училишниот двор и околината, бидејќи вратите не се заклучуваат,  а училиштето нема никакво обезбедување.

„ Нема контрола нема соодветна техничка заштита нема физичка заштита, ниту пак звучна. Сите тие нашта придонесуваат да ние немаме никаков мир и спокојство сето тоа се одразува на нашето здравје , …. последиците се тешки……02 55 Не се затвораат вратите доаѓаа од други населби има девијантни однесувања навечер.После часовите училиштата треба да се затвораат. Особено во викенди доаѓаат од секаде се создава голема бучава“, раскажува  Наум Карамачоски професор во пензија.

„ Се жалеа и Скопје и сегде викаме полиција и пак ништо. Се шутираат топките можете да замислите куќа на два спрата преку чатија да ти дојдат дома, а најстршно е што се качуваат по шупите кои се високи и не дај Боже да паднат кој е одговорен после. Навистина се грижам„, вели Јорданка Лаброска сосед на школото „Христо Узунов“.

Жителите се жалат на постојано вознемирување, најмногу од хулигани кои не се ученици во школото, а прават огромни материјални штети.
„И дење но и преку ноќ.  Ќе додје полиција ги брка. Тоа се случува ноќе псоле 11 до 4 часот наутро. Ќе дојде полиција ќе ги избрка ќе сидат од една страна  се враќаат од друга страна бидејки вртаите од двете страни се отворени. 12 22  Има случаи кога овде во школскиот двор се пронајдени и шприцови тоа го има кажано и поранешниот директор на школото.13 20 Во саботата навечер или петокот навечер деца мачи направија крш скршија можам да кажам десет или петнаесет прозори“, раскажува Жута Екуран сосед на ОУ „Христо Узунов“.

1,5 милион денари ќе бидат издвоени од општинската каса за обебзедување на сите училишта и градинки во градот Охрид. Обезбедувањето ќе биде преpуштено на фирма која ќе се грижи за редот и мирот во училиштата.