Skip to main content

Жена чевлар

Реткост е да се види чевлар во градот, а уште по ретка е сликата на тоа работно место да се види некој од понежниот пол.

 |  Ристо Јакимовски  | 
cevel
чевел
Реткост е да се види чевлар во градот, а уште по ретка е сликата на тоа работно место да се види некој од понежниот пол.

Кристина Џекова има дваесет години, доаѓа од Прилеп и студира прва година на оделот за БЕЗБЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА на Охридскиот факултет за туризам. Она што е  интересно кај неа е нејзинато хоби, поправка на обувки. Ја прашавме од каде идеата да се занимава точно со тоа.

Кристина ЏековаЗанаетот чевлар во семејството Џекови има долгогодишни корени. Се започнува од дедото на Кристина кој се занимавал педест години со занаетот па се префрла на нејзината мајка, а сега и Кристина се занимава со тоа.Таа има брат кој како што самата кажува не покажал желба да биде чевлар.

Кристина можеби е единствената која се занимава со ваквиот занает во нашиот град. Машината за шиење во нејзината работилница, припаѓала најпрвин на дедои, па на неа работела нејзината мајка, а денеска седи како декор во работилницата.

„Сега за сега клиентите се задоволни, мене не ми пречи во никој случај тоа што сум женско во оваа професија“ Доколку некоја работа ја работиш со желба тогаш ништо не може да ти пречи“, Коментира Џекоска .

 

 

 

{loadposition content9}