Skip to main content

Пештанци и годинава најверојатно со септичките јами

Жителите на Пештани се револтирани и лути.Велат над 20 години се обидуваме да развиваме туризам, а се давиме во септички јами иако плаќаме комунални такси.

 |  Валентина Нелоска  | 
rabotnici
работници
Жителите на Пештани се револтирани и лути.Велат над 20 години се обидуваме да развиваме туризам, а се давиме во септички јами иако плаќаме комунални такси.

Крај езерската населба се градат елитни објекти, плаќаме комуналии како во градот, а надлежните не оставија без канализација.Тие не веруваат дека годинава ќе се отарасат од септичките јами.

sahtaОд локалната објаснуваат дека во моментов се работи на изградба на објектите каде што ќе бидат сместени пумпните станици. Нивно целосно завршување се планира до крајот на месецот. Портпаролот на локалната самоуправа, Манески објаснува дека над 95 проценти  од градежните работи се завршени.

Останува и понатака неизвесна состојбата на цевководот. Манески објаснува дека стручните лица ќе ја увидат кондицијата на пумпите  само по нивното вклучување во работа. Дури тогаш  ќе се знае  дали ќе требаат додатни интервеции.
Најоптимално очекување на градежниците, на Хидроекоинжинеринг и Проаква е дека  колекторскиот систем  во Пештани ќе биде ставен во функција до 1 јуни најавува Манески. 

 

 

 

{loadposition content9}