Skip to main content

Советничките листи, речиси готови

Три дена пред крајниот рок за доставување на кандидатурите за советничките листи, охридските ограноци на политичките партии ги прават последните подготовки пред нивното објавување.

 |  Тања Кувенџиска  | 
кутија
kutija
Три дена пред крајниот рок за доставување на кандидатурите за советничките листи, охридските ограноци на политичките партии ги прават последните подготовки пред нивното објавување.

Во ВМРО- ДПМНЕ и ВМРО- Народна партија се уште познати само имињата на носителите. Листите во целост ќе ги објават во текот на наредните два дена.

Охридската јавност е во очекување на кандидатурите на советничките листи на ВМРО- ДПМНЕ и ВМРО- Народна партија. Три дена пред истекот на крајниот рок за нивното поднесување, од овие партии велат дека тие се составени, во моментов се вршат последните проверки и консултации со централите во Скопје.

izboriИ од ВМРО- НП се уште не ја откриваат во целост советничката листа со која ќе настапат на претстојните локални избори.  Засега, познато е само името на носителот, а тоа е досегашниот советник од редовите на оваа партија, Јоне Станковски. Најавија дека листата во целост ќе биде објавена во текот на утрешниот ден.   

СДСМ својата советничка листа ја објави во декември. како што е познато, носител е актуелниот директор на МЈП Проаква, Бранислав Трпчески.

Носител на листата на НСДП е Верица Хајба,а Крум Арнаудов носител на листата за ЛДП.

Инаку до ПЕ на Министерството за правда доставени беа 8 независни листи. Како носители на листите се јавуваат Љупчо нечкоски, Владо Цветкоски, Љупчо Настоски, Перо Петрески- Калимеро, Никола Пулески, Сашо Ристески, томе Трајаноски и Борче Стојаноски.

 

{loadposition content9}