Skip to main content

Веле Митаноски носител на советничката листата на СДУ

СДУ во Охрид ќе се фокусира на Советот.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски
„Одлучивме натпреварот за градоначалници да им го препуштиме на другите, а ние да се фокусираме на Советот“, истакна на денешната прес – конференција  Веле Митаноски, носител  на советничката листа на  охридската социјал демократска унија.

Нивната цел е преку советот да ја унапредуваат  локалната самоуправа и граѓанските интереси истакна Митаноски. Тој потсети на локалните изборни случувања од пред 4 и 8 години и потенцира дека не сакаат да бидат дел од можно, по трет пат спроведено сценарио. Сакаме фер и демократски избори пред се, од аспект на нашите евро- нато аспирации. Охрид треба да предничи во созадавњето на една позитивна атмосфера . СДУ и јас ќе дадеме максимален придонес и со ниту еден потег нема да го загрозиме изборниот процес. Напротив, ќе иницираме процеси кои ќе значат ново достоинство и на градот и на земјата во целина , истакна Митаноски.

izboriПретседателот на СДУ, Марко Спасески  ги престави програмските начела, визии и идеи за локалните  избори. При тоа кажа дека партијата има мотив и сила  да ги измери сопствените капацитети во изборното соочување меѓу останатите политички конкуренти.
ОО на СДУ го престави и  кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Димче Андрески. На Прес -конференцијата  беше потенциран партискиот став дека на овие локални избори, СДУ во општините каде што немаат  свој  преставник нема да подржат во првиот круг ниеден кандидат за градоначалник.

 

{loadposition content9}