Skip to main content

Пoднесни пет кандидатури во општина Дебрца

„Во општина Дебрца во законскиот рок се поднесени листите за градоначалници и советници ,а се прават завршните подготовки за одржување на изборната трка“-вели претседателот на општинската изборна комисија Зоран Ногачески.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла
„Во општина Дебрца во законскиот рок се поднесени листите за градоначалници и советници ,а се прават завршните подготовки за одржување на изборната трка“-вели претседателот на општинската изборна комисија Зоран Ногачески.

Во изборната трка, за прималивата градоначалничка функција и во општина Дебрца, силите ќе ги одмерат кандидатите: од СДСМ актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски, од СДУ Димче Андрески, од  НСДП Коле Наумоски, а од Коалицијата  ВМРО ДПМНЕ, со 18 политички партии, Драги Танески. Науме Мицески е градоначалничкиот кандидат за оваа функција предложен од група избирачи.

BelcishtaПоднесени се и 5  советнички листи од самостојни партии и коалицијата на Вмро Дпмне. За членови на советот на општина Дебрца се поденесени кандидатурите: од СДСМ со носител на листа Томе Тотурески,  носител на листа на   Вмро НП е Благоја Блажески. Од НСДП носител на листа е Димитар Смилески , а од СДУ Даниел Огненоски. Николина Балтоска  е носител на листата од Коалицијата  на Вмро Дпмне.

 

 

{loadposition content9}