Skip to main content

СДСМ ќе работи за доброто на Охрид

„За доброто на Охрид и во наредните 4 години, а не за лични интереси“, ова е логото на кампањата со која СДСМ, настапува на претсојните избори.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
„За доброто на Охрид и во наредните 4 години, а не за лични интереси“, ова е логото на кампањата со која СДСМ, настапува на претсојните избори.

Денес оваа парија одржи пресс конференција. На неа беше претсавен кандидадот за градоначалник, како и советничката листа.

„Основен мотив за кој повторно се кандидирам за градоначалник  се постигнатите резултати во изминативе 4 години. Можеби со тоа не се сложуваат сите, меѓутоа тоа е факт, тоа е вистина“, рече кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Александар Петрески. Тој на претстојните локални избори, ќе се обиде да ја задржи градоначалничката функција.

„Повторно се кандидирам затоа што дел од проектите кои ги имав замислено сеуште не се завршени, причина за тоа е што за такви прокти 3 години е краток период за нивна реализација.Поготово што во овој период ние бевме пионери во децнтрализацијата и покрај нашите тековни задачи ја спроведувавме и децентрализацијата“, изјави Петрески

presЛого на кампањата на СДСМ ќе биде „За доброто на Охрид и во наредните 4 години, а не за лични интереси“. Шефот на изборниот штаб и кандидат за градоначалник Александар Петрески денеска пред новинарите вети дека наредниве 4 години ќе бидат уште поамбициозни од овие што поминаа. На пресс конференцијата Петрески ги прокоментира и партиските анкети
„Анкети се правеа постојано, ги имам сознанијата и наши и од ВМРО ДПМНЕ. самиот факт дека 10 имиња се вртеа како можни кандидати, а избраа во последен момент, јасно кажува дека како кандидат сум имал дупло повеќе проценти во споредба со ДПМНЕ“- додаде Петрески.

На прес конференцијата беше презентирана и листата  на кандидати за членови на совет од редовите на СДСМ. ТВМ ви презентира дел од неа. Носител на листата е Бранислав Трпчевски, дипломиран економист,по него е магистер Томислав Тунтев. Трета е Виолета Мицкоска, доктор по медицина на трудот. На четвртото место е Душко Јаковчески, дипломиран правник, по него е Орхидеја Тасевска, магистер по биолошки науки. Градежниот техничар Ѓорѓи Танески е на седмата позиција. Осми е Климе тренески, приватен стопанственик, професорката Наташа Костоска е на деветото место, а Дејан Дервушоски е на десетото место на листата.
„Се работи за луѓе докажани во својата професија. Убеден сум дека заедно со нив ќе работиме за доброто на Охрид“, рече шефот на изборниот штаб Александар Петерски.

 

 

 

{loadposition content9}