Skip to main content

Групата на „Соединета Македонија“ стои зад инцидентот

Групата на „Соединета Македонија“ за ТВМ обелоденува „ три дена порано, инцидентот беше планиран од нашата група“.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
avtobus
автобус
Синоќа во Охрид испишани грчки автобуси. Туристите си отидоа, партиите реагираат.

Синоќа пред хотелот Палас, со спреј испишани три автобуси со грчки национални ознаки.  Оштетувањето на авобусите во СВР Охрид било пријавено синоќа во 20 часот и 15 минути, од страна на нивниот македонски деловен  партнер. Стручните лица при крим-техника од СВР Охрид, по извршен увид на лице место, констатирале оштетување на автобусите, и тоа „впишани недолични зборови со спрејови во разни бои“  и  „напукната шофершајбна на еден од автобусите“.

Портпаролот на СВР Охрид за ТВМ потврди, дека грчките туристи по инцидентот си заминале Охрид, а од СВР побарале полициска придружба до излезот од градот, на што им било излезено во пресрет.

 

Политичките партии и кандидатите за градоначалници  на првиот ден од изборната кампања искажаа револт на вчерашниот инцидент. Градоначаликот Александар Петрески кажа дека локалната самоуправа испратила допис со извинување од лично име и од име на граѓаните на Охрид до амбасадата на Р.Грција и до нивниот конзулат во Битола.

„Охрид е отворен град, најкосмополитската средина во Република Македонија. Затоа е запрепастувачка, штетна и за секаква осуда постапката на  сеуште неидентификувана група или поединец кои на најдрзок начин се поиграле со имотот и достоинството на грчките туристи. Бараме полицијата најитно да го расчисти случајот и да ја информира јавноста„ – се вели во утринската реакција на Социјалдеократската унија.

И од НСДП, преку кандидатот за градоначалник Ацо Попоски, со реакција „Верувам дека ова е изолиран инцидент на поединци кои не му мислат добро на Охрид во напорите да биде град со долга туристичка сезона. Се  надевам дека МВР ќе ги пронајде сторителите и ќе го расветли случајот. Сметам дека на првиот ден од изборниот циклус најмалку ни се потребни вакви инциденти кои ја носат Македонија што подалеку од ЕУ и НАТО интеграциите“

И партијата ВМРО ДПМНЕ со критики за вчерашните инциденти, изнесени на денешната прес конференција,.

Утрово, по објавувањето на информацијата за оштетените автобуси ТВМ Порталот, се огласија и члановите на  како што велат „Соединета Македонија“. Во електронската порака што ја испартија до нашата ТВ куќа, со која ја превземаат одговорноста за инцидентот, стои:

„Инцидентите кои беа направени во Охрид, со графирање на грчките автобуси, беа 3 дена порано планирани од страна на групата на „Соединета Македониа“. Групата „Соединета Македонија“ е крајно разочарана од постапките на грчкиот народ и грчката држава поради малтретирањето на македонските туристи кои одат во Грција“.


avtobus

 

 

{loadposition content9}