Skip to main content

Општинската ВМРО ДПМНЕ ги претстави своите цели

Една минута по полноќ, члновите на  ВМРО ДПМНЕ, го одбележаа почетокот на изборната кампања.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Една минута по полноќ, члновите на  ВМРО ДПМНЕ, го одбележаа почетокот на изборната кампања.

Прва цел на овие избори е да добиеме легитимен претседател, Втора совесен градоначалник, а трета мнозинство во општинскиот совет, беше речено на денешната пресс конференција.

Членовите на ВМРО ДПМНЕ ,точно една минута по полноќ, го одбележаа, почнувањето на изборната кампања од пред седиштето на општинскиот комитет.

„Како и во сите претходни избори ВМРО ДПМНЕ и овој пат, тргнува во освојување на гласовите на граѓаните на Р Македонија од срцето на Македонија“, беше речено на денешната пресс конференција. Прва цел на овие избори е да добиеме легитимен претседател на Р Македонија. Убедени сме во огромна подршка за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ , човекот што на овие избори настапува со витешкото лого „Еден за сите“ универзитетскиот професор Ѓорѓе Иванов“, рече Јованчо  Секуловски, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Jovanco Sekuloski„Втора наша цел на овие избори е да добиеме легитимен градоначалник на Општина Охрид. Знаеме дека го имаме вистинскиот човек, успешен менаџер со богата професионална биографија, човек со вистинска соработка со владата на Р Македонија, Кирил Трендафилов Нанче. А трета цел на овие избори е да добиеме општински совет во кој мнозинството ќе има советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од Борис Стефановски. Цел над сите цели на овие избори е Македонија да го продолжи успешниот од, во Евро – атланските интеграции. За нас изборите се празник на демократијата , гласот на народот врвна воља и затоа ги повикуваме сите наши политички конкуренти на фер и демократски избори“, рече Секуловски.

На денешната прес конференција, новинарите побараа став од раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ по однос немилиот настан со Грчките туристи на кои им беа испишани автобусите. Од таму најостро го осудуваат овој вандалски чин и бараат од СВР Охрид да превземе соодветни мерки потребни за што побрзо пронаоѓање на сторителите.

Портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ ги повика сите граѓани на вечерашниот митинг кој ќе се одржи на грдскиот плоштад  со почеток во 19.00 часот.

 

 

 

{loadposition content9}