Skip to main content

Одржана трибина на НСДП посветена на туризмот

Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски,  ја презентира визијата за подолга туристичка сезона во Охрид.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски,  ја презентира својата визија- како од Охрид да направи убав, пријатен и модерен град. Ние не се плашиме да превземеме обврски кои потоа ќе ги оствариме, рече Попоски на вчерашната трибина во чии рамки беше промовиран Проектот за изградба на Охридски интернационален саем.

pres konferencijaОвој проект не е само идеја, туку проект кој ќе се реализира, потенцира Попоски. Саемот е предвидено да нуди бројни содржини: изложбен простор во кој излагачите ќе може да ги презентираат своите материјали, Конгресен центар со мултимедијални содржини, паркинг простор, базен.
Нашата идеја е, рече носителот на советничката листа од НСДП, Верица Хајба, да ја продолжиме туристичката сезона од 40 на 365 дена.

За сето ова да се реализира потребно е само да ме изберете мене- Ацо Попоски за градоначалник, рече кандидатот од НСДП. Човек, храбар како мене, знае како да ги реализира и најкрупните проекти.

 

 

 

 

{loadposition content9}