Skip to main content

Семејството ме поттикна да се кандидирам за градоначалник

„Но, тие не се единствените кои потполно веруваат во моите способности, вели Ацо Попоски кандидат за градоначалник од НСДП.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aco Poposki
Ацо Попоски
Наша цел на избориве е да создадеме перспектива за младите, како и топли  Охридските домови“, вели Попоски.

Оваа е профилот на Ацо Попоски кандидатот за градоначалник од Нова социјал демократска партија, кого го затекнавме во неговиот дом опкружен со најблиските. Сопругата Марија, Двајцата синови Златко, Дипломиран архитект инжинер, вработен во ЕВН Македонија и Зоран, Дипломиран економист, вработен во Охридска банка ќерката Весна студент трета година на архитектура и снаата Марија.

„Кога сум дома, секогаш сум опкружен со своето семејство“.„Сето слободно време им го посветувам ним како и на пошироката фамилија.Тие се виновниците поради кои се кандидирав за градоначалник“, вели Попоски.

Сопругата Марија е професор по математика и информатика во ОСУ Св Климент Охридски. Таа потполно верува во способностите на својот сопруг, а заедничка цел им е ,доколку победат на изборите, во Охрид, Заедно да создадат перспектива за младите.

„Преокупиран сум, вели Попоски, како Охрид да го направам да наликува на поинаков, поперспективен град. Град кој не би живеел само во лето туку преку цела година. Мојот носечки проект е проктот со кој би ги направил Охридските домови да бидат топли, а тоа би го постигнал со Проектот за Топлификација“.  

„Тајната на мојот досегашен успех е тимската работа. Јас организирам, а тимовите се тие кои спроведуваат се. Затоа сме успешни. Овој начин на работа и успех ќе го пренесам и во локаланата самоуправа“, вели кандидатот за градоначалник од НСДП.

Aco PoposkiИнаку, Ацо Попоски е роден 13 октомври 1957, во Охрид. Дипломирал на Елетротехничкиот Факултет во Скопје во 1981 година.  Наградуван е како најдобар студент со Награди, признанија и сертификати за стручни и менаџерски способности.Прво вработување на Попоски е во Видео Инжинеринг – во 1982 година на работно место раководител на развој за затворени телевизиски системи .Од 1985 година работи во Слобода АД Охрид. Менаџерските способности беа потврдени со неговото поставување за Заменик Генерален Директор на Слобода АД Охрид. Во 1994 година Попоски ја основа сопствената фирма Дипо Охрид, трговско претпријатие за производство, промет и инженеринг во полето на електротехниката, а  Учествува и во формирањето и на компанијата ПАП. Од 2001 година Ацо Попоски е Претседател на Одборот на Директори на Акционерското друштво Железник АД Демир Хисар чии доминантен сопственик е друштвото Дипо Охрид. Оваа фирма  се  трансформира во успешно  претпријатие со ИСО стандарди со што се овозможи работењето со земјите од Европската Унија и пошироко со над 97% извозна ориентација на своите производи и препознатлива во својата бранша во Европа и во светот.

Од 1994 до 1998 година е Претседател на Управниот Одбор на ПТТ Македонија. Ацо Попоски е љубител на спортот. Тој го формира и раководи Фудбалскиот Клуб Бигор – Слатино; Работењето на клубот е комплетирано со Изградба  на ново фудбалско  игралиште во село Слатино со пропратна современа инфраструктура и изградба на современи простории на клубот. Попоски има доделено многу Спонзорства на,многу научни трудови,театарски претстави,црковни објекти,награди за ученички натпревари и традиционални манифестации.Активно учество и членување во невладини организации и здруженија, особено во Стопанската Комора на Македонија.

 

 

 

{loadposition content9}