Skip to main content

Петрески го обвинува министерот за финансии

Кандидатот за градоначалник од СДСМ ,Петрески  упати  обвинување до  министерот за финансии, Трајко Славески.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Кандидатот за градоначалник од СДСМ ,Петрески  упати  обвинување до  министерот за финансии, Трајко Славески.

На средината од  изборната кампања меѓусебните обвинувања се вжестуваат. Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Александар Петрески упати обвинувања  до  министерот за финансии, Трајко Славески за индиректни  опструкции за новите вработувања на  три испразнети места во  детската градинка Јасна Ристеска. За нивно пополнување на министерството за труд и социјална политика му треба согласност од Министерството за финансии, и да не го обвинуваме  министерот од труд и социјала ,туку дириктен виновник за оваа ситуација е Трајко Славески, укажува Петрески. Онаму каде што тој има интерес за вработување на неговото семејство дава согласност , а каде што има потреба тоа не го прави обвинува кандидатото за градоначалник Петрески.      

presОд изборниот штаб на кандидатот за градоначалник од СДСМ, укажуваат на селективната владина политика кон Охрид, мотивирана од од политички причини. Портпаролот на ОО СДСМ, Лидија Апостолоска посочи  дека градот не добил нити една капитална инвестиција. Охрид не станал град на култура во 2007 година, а најново  е згаснувањето на работните места  во детската градинка, по основ на пензионирање иако локлната  самоуправа побаралa согласност за вработување на испразнетите места.

Кандидатот за градоначалник, Петрески  повтори дека ДПМНЕ врши притисок со ефтини трикови и заплашување на граѓаните со наводни  телефонски јавувања за анкети.
Петрески истакна дека во неговата програма покрај решавањето на проблемот на вработените во детската градинка, планира и низа проекти во социјлната заштита. Тој ги истакна отварањето на регионален центар за стари лица, формирањето на општински социјален фонд за социјалнозагрозените и  отварањето на  дневен центар за децата со посебни потреби.

 

 

 

 

{loadposition content9}