Skip to main content

Рикер се сретна со кандидатите за градоначалници

„На Македонија и се потребни фер и демократски избори – тоа го заслужуваат граѓаните на РМ“ истакна на средбата со кандидатите за градоначалници, американскиот амбасадор Филип Рикер.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Filip Riker
Филип Рикер
„На Македонија и се потребни фер и демократски избори – тоа го заслужуваат граѓаните на РМ“ истакна на средбата со кандидатите за градоначалници, американскиот амбасадор Филип Рикер.

Вчера, во хотелот „Инекс Горица“, амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, оствари средба со кандидатите за градоначалници на општина Охрид. На средбата, од сите шест кандидати за градоначалници, амбсадорот доби уверување дека ќе се почитуваат изборните стандарди наведени во кодот на однесување од страна на Меѓународниот Демократски Институт за фер избори. Филип Рикер на кандидатите за градоначалници им ги пренес пораки од администрацијата на новиот претседател.

Filip RikerАмбасадорот ги потсети кандидатите на договорот потпишан од лидерите на политичките партии, како и на потребата овие избори да поминат без инциденти.

Тој додаде дека опуштената атмосфера на средбата е добар занак за фер и демократски избори не само на ниво на општината, туку и во целата држава. На крајот, амбасадорот на САД изрази задоволство од средбата и спроведениот разговор.

 

 

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}