Skip to main content

Стоп за урбанизацијата

Урбаната мафија ја крои иднината на Охрид,  стоп за урбанизацијата побараа екологистите.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Урбаната мафија ја крои иднината на Охрид,  стоп за урбанизацијата побараа екологистите.

Дојдоа 5  минути до 12 за спас на Охрид од претераната урбанизација на Охрид порачаа на денешната прес конференција  еколозите, членови на независната советничка листа со реден број 10,  носител  Борис Стојаноски. Тие го креваат својот глас против усвојување на деталните урбанистички  планови за изградба на станбените објекти на  зелените градските површини.
Покрај зелената површина на локацијата пред Охридско лето, и  просторите  кај полигонот за мали спортови и во близина музичкото училиште, локалната самоуправа со урбаната мафија имаат изработено Детални урбанистички планови со намера да ги  урбанизираат  овие простори вели Никола Киселинов од НВО „Билјана“.   

Nikola KiselinovЕколозите предупредуваат на штетните последици од преголемата густина на градбите во централното градско подрачје и не водењето сметка за зелените површини кои се бели  дробови на градот. Со ова темпо на градење се менува микроклимата во градот, се намалува квалитетот на воздухот и се загрозува здравјето на охриѓани, вели Ѓоко Зороски од ЕД Грашница.
Еколозите потенцираат, ќе делуваат превентивно на усвојување на деталните урбанистички планови, а за веќе усвоените ќе ги искористат сите правни мерки за нивно поништување. Тие , против урбанизацијата на градот бараат поддршка од граѓаните.