Skip to main content

Подигање на авторитетот на охридскиот совет

Идните советници од редовите на СДУ ќе се залагаат за подигање на авторитетот на охридскиот совет.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски
Оценка за првата декада од изборната кампања даде Веле Митаноски, носител  на советничката листа од СДУ. При тоа, Митаноски  констатира, кампањата исфрли на површина непознаници за градоначалничката функција. Поединци нудат се и сешто па се добива впечаток како Алиса во земјата на чудата, вели Митаноски. Непријатно изненадување според  Митаноски е претседателската кампања  и ниското ниво на политичка реторика за најпрестижната државна функција. Позитивно ја  отценува досега кампањата на локално ниво.

Marko SpaseskiПретседателот на ОО на СДУ, Марко Спасески потенцира дека  приоритет на идните советници од редовите на СДУ ќе се залагаат за подигање на авторитетот на охридскиот совет. Интенција ќе им биде  едукација на советниците како би станале вистински фактори на одлучување. Додаваат дека и во втората  фаза ќе водат скромна изборна кампања достапна за граѓаните. Следуваат средби со граѓаните од Куратица, Косел,  Горно и Долно Лакочереј, Пешатани, Радојца Новичиќ, Железничка , а ќе се сретнат и со граѓаните од месните заедници во градот.

 

 

 

 

 {loadposition content9}