Skip to main content

Квалитетни кадри пред се

„Ќе поставам високи стандарди во работењето, при што до израз ќе дојде квалитетот на кадарот“- вели кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Кирил Трендафилов- Нанче.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
„Ќе поставам високи стандарди во работењето, при што до израз ќе дојде квалитетот на кадарот“- вели кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Кирил Трендафилов- Нанче.

Нетранспарентноста во работењето и немањето меѓусебна комуникација- се едни од причините за неуспехот во досегашното работење на општинската администрација, потенцира кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Кирил Трендафилов- Нанче. Она што недостига, рече Трендафилов, е и отсуството на комуникација на луѓето од ист еснаф. Секторот за ЛЕР изминатите 4 години не успеа да ги организира претпријатијата заеднички да настапат и  аплицираат за добивањето пари од меѓународните фондови. Не постои комуникација ниту со со претставниците на урбаните заедници- некогашни месни заедници.   

presГраѓаните особено се незадоволни од работењето на општинската администрација, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.

„Како градоначалник ќе поставам високи стандарди во работењето, при што до израз ќе дојде квалитетниот кадар- рече Трендафилов. И покрај преголемиот број вработени, јас нема да ги отпуштам луѓето од работа- неспособните сами ќе си заминат.
На денешната прес- конференција се обрати и Јованче Секуловски, потпарол на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

„Охриѓани се писмени луѓе со долго помнење и тие лесно не забораваат“, рече Секуловски.