Skip to main content

Охрид најдобро ќе го водат Охриѓани

„Охрид најдобро ќе го водат Охриѓани“, беша темата на денешната пресс конференција на НСДП.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aco Poposki
Ацо Попоски
„Охрид најдобро ќе го водат Охриѓани“, беша темата на денешната пресс конференција на НСДП.

Носителот на советничката листа Верица Хајба, пред новинарите рече: „Основна водилка во оваа изборна трка е да покажема нов облик на водење на кампањата.Нудима реална остварлива политика, а не имагинарна, рече Хајба.

Една од основните причини за трката за грдоначалник и советникча листа е на граѓаните да им покажеме пред се една нова домаќинска грижа за градот и комплетно нов пристап кон функциите кои досегашната пракса покажа дека за многумина избрани се само привилегии, но не и одговорност, искреност и чесност, кон оние што бираат, рече носителот на советничката листа на НСДП Верица Хајба.

presНашата успешност во овие тешки времиња за живот и стопанисување во сите области, ни дава за право, да ја истакнеме како наша предност извонредната основа за успешно водење на општина Охрид. Во нашата програма, нудиме реално остварлива политика .Нудиме развој не само на централниот дел, туку и на приградските населби, кои десега беа запоставени и заборавени. Во прилог на тоа ни оди и процесот на децентрализација, и зголемените надлежности кои ќе ги има локлната самоупрва, рече Хајба.
Охрид треба да го водат Охриѓани, а не централата. Во нашата програма централното место му е дадено на граѓанинот. За нас граѓанинот не е само глас, туку субјект со потреби и желби, рече Верица Хајба на крајот од тематската пресс конференција на НСДП „Охрид најдобро ќе го водат Охриѓани“.

 

 

 

 

{loadposition content9}