Skip to main content

Министерката Jанкулоска ја посети Езерската полиција

Цел на посетата е да се сумираат остварените резултати во текот на изминатата година. Јанкулоска истакна дека е задоволна од досега сработеното.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Gordana Jankuloska
Гордана Јанкулоска
Цел на посетата е да се сумираат остварените резултати во текот на изминатата година. Јанкулоска истакна дека е задоволна од досега сработеното.

Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја посети Езерската полиција за да се запознае со сработеното во изминатите 12 месеци. Јанкулоска потенцира дека е задоволна од остварените резултати во изминатата година.

Јанкулоска истакна дека Езерската полиција во целост се залага околу заштитата на флората и фауната во езерото, како и за обезбедувањето на државната граница, чие одбележување не е завршено.

Gordana JankuloskaЗа да се продолжи со одбележувањето на границата се чека подобрување на временските услови- рече првиот човек на Министерството за внатрешни работи.     

Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, при денешната посета на Охрид се осврна и на претстојните Локални и претседателски избори. Подготовките се во целост завршени- изготвени се плановите за безбедност и постапување на полицијата.

Министерката Јанкулоска потенцира дека одржувањето на изборите во фер и демократска атмосфера, во најголем дел, сепак зависи од нив.

 

 

{loadposition content9}