Skip to main content

Убедени во своите квалитети

Пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ. Охриѓани и дадоа најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на минатите парламентарни избори и убедени сме, поддршката на граѓаните на претстојните избори ќе биде уште поголема, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Јованчо Секуловски.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ. Охриѓани и дадоа најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на минатите парламентарни избори и убедени сме, поддршката на граѓаните на претстојните избори ќе биде уште поголема, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Јованчо Секуловски.

Охриѓани нема по втор пат да поверуваат на опција која 4 години стимулираше класичен конфликт на интерес, во кој советниците во општинскиот совет можеа истовремено да бидат и директори на јавни претпријатија. Нивната „компетентност“ сите ја видовме – Охрид деновиве буквално потона во ѓубре, рече на денашната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Јованчо Секуловски.

presГраѓаните на Охрид, како никогаш досега ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како своја политичка опција. Охриѓани и дадоа најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на минатите парламентарни избори, и убедени сме, поддршката на граѓаните на претстојните избори ќе биде уште поголема, рече Секуловски. Тој додаде дека Охриѓани знаат – дека гласот за Кирил Трендафилов-Нанче и гласот за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е интелегентно инвестиран глас. Кирил Пецаков претсставним на советничката листа пред новинарите рече:

„Факт е дека кампањата за локалните избори во Општина Охрид покажа дека аспирантите многу малку ги познаваат ингеренциите на локалната самоуправа и дека се бара мандат за Советот без основна платформа за делување .ВМРО ДПМНЕ ја има пред себе и пред сограѓаните јасната платформа за делување.

Листата на ВМРО ДПМНЕ  нуди кандидати за советници кои поминаа тест за тоа што значи да се биде советник и која е улогата на Советот на општината .
Сметаме дека на Охрид му е потребен Совет со силна политичка поддршка ,за да можат да се остварат програмите , целите и платформата, за да може успешно да се спроведува следната фаза на децентрализација, за да може конечно со таа силна поддршка да се направи долгоочекуваниот позитивен пресврт на Охрид како културен и туристички центар. Во тоа име како ВМРО ДПМНЕ ја бараме поддршката на граѓаните за нашата советничка листа, рече Пецаков.

 

 

 

{loadposition content9}