Skip to main content

Кандидатите за градоначалник денеска засадија по еден садник

Петрески, Гиновски и Павловски со овој гест покажаа дека ја подржуваат акцијата „засадија својата иднина“.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Петрески, Гиновски и Павловски со овој гест покажаа дека ја подржуваат акцијата „засадија својата иднина“.   

Кандидатите за градоначалници од СДСМ Александар Петревски,од ВМРО-НП д-р Томе Гиновски и од ЛДП Боро Павловски,денес пред хотелот “Тино” засадија по една садница, со  што на свој начин и се придружија на акцијата „Денот на дрвото“.

Дрвјата, што денес ги посадивме со моите пријатели, убеден сум дека ќе растат успешно за разлика од оние кои се садеа во минатото, рече Александар Петрески. Денеска не учествувам во владината акцијата за садење дрвја, затоа што владата ја злоупотребува за својата кампања. Сметам дека и уметниците кои се вклучени во оваа акцијата имаат одлични идеи, но се злоупотребени од владата, рече акуелниот градоначалник Александар Петрески.

Ginoski Pavloski“Сеќен сум што учествувам  во оваа акција на враќање на  имиџот на Охрид,како град на зеленилото,цвеќињата, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО НП Томе Гиноски.

И кандидатот за градоначалник од ЛДП Боро Павловски, со своите против кандидати од една страна, а пријатели од друга денаска засади дрвце.
Петрески, Гиноски и Павловски на граѓаните на Охрид им го честитаа денешниот празник летник, и искажаа  заедничка надеж дека засадените дрвја ќе пораснат и дека идниот градоначалник треба да внимава зеленилото да не го уништува.

 

 

 

 

{loadposition content9}