Skip to main content

Се прави преседан за нацрт ДУП за прва урбана единица

Градоначалникот направи се да ги смири охриѓани и да им овозможи да ги истакнат своите забелешки.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
plan
план
Во целиов случај голем удел има политиката, вели претседавачот на советот Владо Чингоски. Тој е категоричен повелекување на нацрт планот законски не е возможно, но  нема место паника нема.   

Постапката со која се донесе нацрт – Детален урбанистички план за дел од прва Урбана единица се враќа назад. По бурните расправи деновиве за овој нацрт план, денеска градоначалникот се сретна со жителите од стариот дел од Охрид.

Димирар Зарчев во функција на претседател на партиципаривно тело за урбанизам на присутните им предложи постапката за донесување на нацрт планот да се врати назад, со образложение дека законската процедура за донесување на овој план не е запазена.

„Нема информација, нема стручно мислење,советот воопшто не треба да го разгледа овој нацрт план, а уште помалку да го изгласа“, рече Зарчев.

DUPДоколку одржиме анкетен собир, ни се подметнува нелагален план, рече Климе Билко, жител на Варош.
На денешниот состанок Ѓраѓаните се сложија со предлогот на Зарчев со кој се повлекува предлог планот. Градоначалникот  ги подржа. Но се отвора прашањето,  колку овој предлог е законски издржан и возможен. Претседавачот на советот е категоричан „Тој план е донесен во нацрт верзија, објавен е во општинскиот службен гласник и нема шанса дасе повлечи, вели Владо Чингоски.
Чингоски искажа разочараност што не бил повикан на јавната расправа по ова прашање ни во петокот, а ни денеска. Незнам зошто се крена токлу голема  бука за овој нацрт план, кога до овој момент се е законски, вели Чингоски. Зачудува фактот што нацрт планот го донесовме во јануари, а се реагира сега, додава тој.

Ова е основа за донесување на деталниот урбанистички план.Правни последици од вака донесената одлука по однос на жителите нема.Со нацрт верзијата на планот ништо не е готово.Врз основа на оваа одлука неможе да се даваат ни дозволи за градба, ни дозволи за комунално уредување, вели Чингоски. Јас мислам дека во моментов немаме проблеми со нацрт планот, туку со катастар. Парцелите во страиот дел на Охрид не се правилно ажурирани, вели Чингоски. 

 

 

 

 

{loadposition content9}