Skip to main content

Вода во Лескоец и Орман наскоро

СДСМ  упатува апел – проблемот со водата за пиење во Косел дa не се употребува  во изборната кампања за добивање на политички поени.

 |  Ристо Јакимовски  | 
logo
лого
СДСМ упатува апел – проблемот со водата за пиење во Косел дa не се употребува во изборната кампања за добивање на политички поени.

На денешната редовна прес конференција, од страна на СДСМ беше истакнато дека не е потребно да се искористуваат проблемите на граѓаните во изборната кампања. Посебно беше потенцирано да не се прави прави драма од недостатокот на вода за пиење во Косел и Ливоишта. Директорот на ЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, рече дека во изминатата година се правеле напори за решавање на овој проблем и додаде „Во завршна фаза сме за комплетно решавање на проблемите со водоснабдувањето на Лескоец и Орман и се надеваме дека во иднина ќе успееме и практично да ги реализираме овие зафати“.

Aleksandar PetreskiПроблемот со водоснабдувањето во Косел, според кандидатот за градоначалник Александар Петрески, намерно е предизвикан од страна на конкурентите во изборната кампања. Петрески кажа дека во досегашниот период неговата администрација секогаш имала слух за проблемите на граѓаните.

Во продолжение на прес конференцијата беше истакнато дека во текот на кампањата, има голем број на нерегуларниости и активно учеството во неа од страна на  актуелни директори и службеници од јавните институции.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}