Skip to main content

НСДП ја претстави својата програма за социјална сигурност

Ќе помагаат на сите кои се финансиски немоќни.Од денес оваа партија отвори телефонски број на кој секоја вечер граѓаните ќе можат да зборуваат со кандидатот за градоначалник и носителот на советничката листа.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Ќе помагаат на сите кои се финансиски немоќни.Од денес оваа партија отвори телефонски број на кој секоја вечер граѓаните ќе можат да зборуваат со кандидатот за градоначалник и носителот на советничката листа.

Охрид, град на здрави луѓе и социјална сигурност, тема на денешната пресс конференција на НСДП. Кандидатот за градоначалник од оваа партија Ацо Попоски, пред новинарите уште еднаш го презентираше делот од својата програма, посветен на социјалната сигурност на граѓаните на Охрид. Доколку бидам избран за прв човек на Охрид ќе обезбедам по 200 евра за невработени мајки и бебе пакет за секое новороденче.Општината ќе донира финансиски средства за сите вработени трудници во износ што ќе ја надополни платата во целост. Ќе воведиме еднократна помош за семејства без ниту еден вработен за новогодишните празници.Според мојата изборна програма ќе имаме донација за секоја новоформирана невработена брачна двојка. ќе Формираме стручен теренски тим кој ќе нуди бесплатана медицинска нега на неподвижни и болни лица постари од 65 години. Нудиме и Изградба на модерен дом за згрижување на постари лица, а  Финансиска ќе ги потпомогнеме еѓипќаните кои сакаат да започнат сопствен бизнис, рече Ацо Попоски.

presГосподинот Ацо Попоски ми понуди, а не изнуди ангажман во неговиот тим за подобрување на животот на охриѓани и без резервно ја прифатив неговата одлука, вели д-р. васка Кочоска специјалист психијатар. Мојата професија ми овозможи непоседно во моето секојдневие да сум  во контакт со луѓетои да видам дека сег, кај многумина животот е повеќе исполнет со страдања отколку со радости, рече Кочоска.

Од денеска во НСДП е отворена телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да се јавуваат секоја вечер од 19.30 до 20.30.Своите проблеми и предложи лично ќе можат да им ги сопштат на кандидатот за градоначалник и носителот на советничката листа вртејки на телефонскиот број 251-676.

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}