Skip to main content

Нов генерален урбанистички план за градот

Советничката листа  од групата избирачи под реден број 13 бараат од охридските архитекти да се изборат да ги подготвуваат урбанистичките планови во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Vlado Cvetkoski
Владо Цветковски
Советничката листа  од групата избирачи под реден број 13 бараат од охридските архитекти да се изборат да ги подготовуваат  урбанистичките планови во Охрид.

Заложба на оваа советничка листа ќе биде Советот на град Охрид  да донесе нов генерален урбанистички план со кој градот ќе стане модерен туристички центар ,вели Соња Томаноска , кандидат за советник. Тоа ќе повлече и донесување на  нови детални  урбанистички планови.

presОд оваа советничка група ги подржуват жителите од стариот дел на градот, кои не се соглауваат со нацрт дeталниот урбанистички план за 1-ва урбана единица, ставен на јавен увид  пред неколку дена.

Советничката листа  од групата избирачи под реден број 13 предлага и видувања како Охрид  да стане модерен туистички центар. Едно од решенијата е комплетно уредена инфраструктура, со чисти локации и решени имотно-правни односи. „Тоа е начинот како да се придонесе во привлекувањето на домашен и странски  инвестициски капитал“ истакна Томаноска.

 

 

{loadposition content9}