Skip to main content

Македонскиот туризам ќе профитира од светската економска криза

Туристичките работници очекуваат годинава пораст на странските туристи.

 |  Валентина Нелоска  | 
Zoran Strezoski
Зоран Стрезоски
Македонија е интересна туристичка дестинација и  се очекува само мало влијание на економската криза врз туризмот вели директорот на агенцијата за развој на туризмот Зоран Стрезоски. Летово ќе е во пораст бројката на странските туристи е очекувањето  на Стрезоски. Оваа сезона се очекуваат гости од Израел, Холандија и од земјите на нашето опкружување. Стрезоски со преставници од министерството за економија учествуваа од 11 до 15 март на светскиот туристички саем во Берлин.

И охридските хотелиери  се оптимисти за престојната туристичка сезона, пред се кога станува збор за гостите од соседните земји вели Љупчо Цветаноски. Од контактите и комуникацијата со туристичките асоции не се очекуваат драстични промени  во посетеноста вели соспственикот на хотелот „Климетица“, Цветаноски.

Zoran StrezoskiГолемите  светски, туристички дестинации како Шпанија, Турција, Хрватска и Италија  очекуваат негативно влијание врз туризмот како одраз на светската економска криза вели директрот на  агенцијата Стрезоски, по посетата на светскиот туристички саем во Берлин.

Хотелиерите од овие земји  веќе најавиле намалување на цените на хотелското сместување за 20 до 30 проценти. Светската туристичка организација прави стратегија за ублажување на негативното влијание од  економската криза врз туризмот. Директрот на  Агенцијата за туризам Зоран Стрезоски вели дека се преземаат мерки, како што се маркетинг на повеќе туристички дестинации, пократки патувања во радиус од 500 км и  поефтин хотели.

Годинава, Македонија својот туристички потенцијал за прв пат ќе го престави во Шведска за Нордиските земји.
Инаку на Берлинскиот саем, Грција ги повторила своите барања, од нашиот штанд да се повлече уставното име Макеоднија по што  нашите преставници тоа енергично го одбиле.

 

 

 

{loadposition content9}