Skip to main content

Рамнотежа на локалната и централната власт

„Рамнотежа на локалната и централната власт”, тема на прес конференцијата на Социјалдемократската унија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски
„Рамнотежа на локалната и централната власт”, тема на прес конференцијата на Социјалдемократската унија.

Од извештејот на Државниот ревизор се убедив дека проблемите се во несоодветното менаџирање на процесите на урбанизацијата и фискалната децентрализација, рече носителот на советничката листа на СДУ Веле Митаноски.

Потпретседателот на Социјалдемократска унија (СДУ) и носител на Советничка листа Веле Митаноски, денеска на тематска прес конференција, се осврна на прашањето на фискалната децентрализација, како стожерна точка од нивната Изборната програма.

“Корпусот прашања од суштинското развластување на ресорните министерства во Владата на Република Македонија, посебно во делот на урбанизацијата на просторот, образованието, културата и слично, се “алфа и омега” во работата на секоја локална самоуправа и необјасниво е зошто политичките субјекти – учесници во изборите во Охрид, беагаат од нив, а се фокусираат на, со ништо непоткрепени приказни за замислени капитални зафати, во кои, всушност локалната и нема некоја попрецизна надлежност”, потенцираше носителот на советничката листа на СДУ ,Веле Митаноски.

Marko SpaseskiГо читав Извештајот на Државниот ревизор и носам убедување дека проблемите се во несоодветното менаџирање на процесите на урбанизацијата и фискалната децентрализација, односно оспособувањето на кадри за финасиски менаџмент, посебно во делот на креирањето на буџетот и собирањето на даноците” смета Митаноски.Носителот на советничката листа на СДУ , пренесе акценти од неговата Програма, кои укажуваат на поголема самостојност на општините, односно, како што рече, потребата локалната власт да постане рамнотежа на централната.
 
Веле Митаноски, на денешнта пресс конференција се осврна и на такавиканите блок трансакции, односно префрлањето на средства од централниот на општинските буџети. “Нема сомнение дека тука се чувствува долгата рака на политичката партија на власт. Тоа мора да престане, зашто политизацијата и децентралиазијата не одат рака под рака”, беше категоричен Веле Митаноски.

 

 

 

{loadposition content9}