Skip to main content

За развој на туризмот и културата- зборуваа денес од ВМРО- ДПМНЕ

На стружани пак, им се обрати кандидатот за градоначалник, Славко Котески.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
На стружани пак, им се обрати кандидатот за градоначалник, Славко Котески.

Спречување на урбаната деградација на Охрид, изградба на нова автобуска станица и доизградба на патната мрежа кон Св. Наум. Ова се само дел од проектите со чија реализација кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов- Нанче ќе допринесе кон развивање на туризмот.

Kiril TrendafilovТрендафилов ветува дека ќе се залага за зачувување и промоција на богатото културно и историско наследство. Со изборната програма меѓудругото, се предвидува и: изградба на нов музеј, нова градска библиотека, концертна сала, доистражување и конзервирање на цитаделата на Самоиловата тврдина и Античкиот театар.

Во Струга пак, на граѓаните им се обрати кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Славко Котески. Досегашниот тек на кампањата го оценува како позитивен. Котески истакна дека за проектите кои ги ветува има целосна подршка од централната власт.

 

 

 

 

{loadposition content9}