Skip to main content

Современ турстички Охрид

НСДП ги претсвави своите планови за современ турстички Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
Пред новинарите зборуваа светски стручњаци кои многу можат да придонесат во реализирањето на плановите на оваа партија.

Тимот на Ацо Попоски денеска стави акцент на осовреманување на туристичката понуда на Охрид. Мојата програма нуди силен туристички развој. Несмееме да се задржиме само на културното наследво, како туристичка понуда, мора да одиме напред, рече кандидатот за градоначалник од НСДП Ацо Попоски.

presПопоски пред новинарите ги претстави двајцата стручњаци со кој заедно,  работеа на полето на Туризмот во реализација на конкретни цели. „За се она што сум денес, можам да му се заблагодарам на човекот кој веруваше во мене. И после сите овие години ако има човек на планетава на кого му верувам повеќе од себе, тоа е Ацо Попоски, рече Зоран Темовски  е прв македонски генерален менаџер во Хилтон хотелите во Америка. Охрид неможе да се издигне без воведување на барем еден од светските ланци на хотели, рече Темовски. Гоце Арменски, генерален застапник на најголемиот хотелски софтвер во светот МИКРОС Фиделио  рече дека доаѓањето на големи брендови во Охрид, носи стандарди.Микрос фиделио е стандард, а без него,најголемите светски стандарди не доаѓаат никаде во светот.

Ако сакаме да бидеме присутни во глобалната економија мора да сме он лајн, вели Арменски. Микрос фиделио е најголемиот хотелски софтвер во светот. Ние сме тие на кои работат светските хотелски брендови. Охрид е бидерот на македонија, меѓутоа тој треба да стане бисер на Европа и бисер на светот. Охрид го заслужува тоа, рече Арменски.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}