Skip to main content

„Copy-cat“ убиство и самоубиство во Охрид

Убиство и самоубиство на градската плажа во населбата Воска.

 |   | 
Додека македонската јавност е сеуште во шок од вчерашната скопска љубовна трагедија, денес во Охрид уште еден немил настан. Од засега непознати причини, велешанецот со привремен престој во Охрид, Зоран Т. ја уби охриѓанката Ж.Т, а потоа си пресудил сам одземајќи си го животот со истрел во главата.


Охриѓани се потресени и збунети од грозоморниот настан кој силно одекна во градот. Како што раскажуваат очевидците, претходела расправија помеѓу двете лица, во автомобил со битолски регистарски таблички, која не траела подолго од десетина минути. Сето тоа изгледало како обична караница, се до моментот кога лицето З.Т. извадило пиштол од кој испукал три истрели во Ж.Т, која веќе го напуштила возилото. Потоа, приближувајќи се до безживотното тело, си испукал еден куршум во слепоочницата.

Граѓаните од Воска коментираа дека во нивната населба досега немало ваков трагичен настан. Веднаш по пријавувањето на случајот, службите од СВР Охрид излегле на увид. На терен излегол и заменик Јавен обвинител и истражен судија.
За мотивите на убиството и самоубиството , СВР засега не излегува со  официјален став. Портпаролот на СВР Охрид изјави дека со натамошниот дел од истрагата  очекуваат  утврдување на  причините за овој настан.