Skip to main content

Активностите на ВМРО-ДПМНЕ се во фукнција на изборите

„Ќе се поставувал камен темелник за железничка. Јас најмногу сакам да се асфалтира оваа улица , но најискрено ме плаши дека сево ова е во функција на изборите“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
„Ќе се поставувал камен темелник за железничка. Јас најмногу сакам да се асфалтира оваа улица , но најискрено ме плаши дека сево ова е во функција на изборите“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески.

Тој на граѓаните им порача да земаат се што им дава ВМРО ДПМНЕ, затоа што се е купено со народни пари.

На неколку дена пред изборите упатуваме апел до сите учесници во Изборниот процес за фер и демократски избори, бидејки ова е последен и најголем меѓународен тест на Р Македонија, рече портпаролот на ОО на СДСМ Лидија Апостолоска.

Разликата помеѓу митингот на ДПМНЕ и синоќешниот на СДСМ е во тоа што јас им заблагодарувам на Охриѓани, а мојот такавикан противкандидат требаше да му се заблагодари на Амди Бајрам, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески.

„Надвор од темата на денешната пресс, Петрески како Актуелен градоначалник и добар домаќин, како што рече, му посака топло добредојде на Никола Груевски.Слушам, рече Петрески денес три дена пред избори на Железничка ќе се поставувал камен темелник.“

Lidija ApostoloskaНа пресс конференцијата, Петрески уште еднаш новинарите ги потсети на својата изборна програма. Ќе ги завршиме сите инфраструктурни и комунални потреби во сите делови од општината. Ќе го зголемиме бројот  на сместувачки капацитети и ќе продолжиме со успешната туристичка промоција во светот. Ќе изградиме современ објект за автобуска станица, а за старите лица современ регионален Дом, рече Петрески. Првиот ден по влегувањето во втората фаза ќе го решам проблемот на вработените со договор на дело во градинаката. Ќе се залагам за суштинска и функционала децентрализација, а не вербална фарса на централната власт.

На крајот од пресс конференцијата кандидатот за градоначалник на СДСМ на граѓаните им порача, да замаат се што им дава ВМРО ДПМНЕ. „Знам дека се дели брашно, масло, дрва, земајте се, затоа што тоа е купено од ваши пари, рече Петрески.

 

 

{loadposition content9}